Обуки и грантови за мали локални („грасрут“) граѓански организации и групи кои работат во областа на циркуларна економија и намалување на отпадот - Пријавете се за учество!

Објавено: 24.11.2025 Време за читање: 2 минути

People in Need (“Луѓе во потреба“ - ПИН) објавува втор повик за учество во обуки и грантова поддршка за мали локални („грасрут“) граѓански организации (ГО) и неформални групи кои работат во областа на циркуларната економија и намалување на отпадот. Повикот е во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.  

Обуки и грантови за мали локални („грасрут“) граѓански организации и групи    кои работат во областа на циркуларна економија и намалување на отпадот - Пријавете се за учество!
© Foto: PIN

Во период од две години, во два циклуса, проектот овозможува обуки на минимум 23 грасрут ГО и неформални групи за зајакнување на организациските и капацитетите за застапување, знаењата од областа на циркуларната економија и внатрешните системи на управување (12 ГО учествуваа во првиот циклус обуки и минимум 11 ќе бидат избрани во овој, втор циклус). Повикот е отворен за мали локални („грасрут“) организации и групи надвор од Скопје кои работат во областа на циркуларната економија и прашања поврзани со отпадот. Мала финансиска поддршка во вид на грантови до 3000 евра ќе биде достапна за оние кои ќе учествуваат на обуките, преку ограничен повик за грантови. 


Со овој повик, минимум 11 мали и „грасрут“ организации и неформални групи кои работат во областа на циркуларната економија ќе имаат можност да ги развијат своите капацитети преку прилагодени обуки. Со обуките ќе бидат опфатени најмалку следните теми:

1. Вовед во циркуларна економија, зелена агенда, рамка на политики; 

2. Принципи на кружен дизајн и бизнис модели; 

3. Управување со отпад и рециклирање; 

4. Застапување и партиципативен дијалог за политики; 

5. Организациска визија и стратегија; 

6. Прибирање средства (развој на предлог проект, буџетирање, зелено финансирање, претставување на идејата); 

7. Видливост на акции финансирани од ЕУ; 

8. Управување со проекти, вклучително финансиски и оперативни аспекти. 

Обуките ќе бидат спроведени преку онлајн сесии, во период од два (2) месеци, по една обука неделно. 

По обуките, 8 од 11-те организации ќе имаат можност да добијат грант до 3000 евра за финансиска поддршка на своите локални акции за намалување на отпадот, реупотреба, рециклирање, надградба.  

За да се пријавите на овој повик, прочитајте го внимателно целиот опис на повикот за подобноста и начинот на аплицирање, пополнете ја пријавата (прилог 1) и поднесете ја заедно со сите пропратни документи на:

Applications.mk@peopleinneed.net најдоцна до 21 декември 2025 година, до 23:59 часот.  

ПИН ќе организира онлајн инфо сесија за сите заинтересирани кандидати на 04 декември 2025 година, во 12:30 часот, на Microsoft Teams на следниот link.  

За повеќе информации следете нè на социјалните медиуми и редовно посетувајте ја нашата веб страница. 


Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ е финансиран од Европската Унија. Лидер на проектот е People in Need (PIN), во партнерство со членовите на конзорциумот АРНО, ЛЕАД и Ековита.  
Author: PIN

Поврзани членови