ЗАЛАГАЊЕ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Објавено: 11.2.2021 Време за читање: 7 минути
ЗАЛАГАЊЕ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
© Foto: People in Need

Луѓето со интелектуална попреченост се меѓу најранливите групи во Босна и Херцеговина (Б и Н). Тие често се сместуваат во институции и се спречуваат да се интегрираат во општеството. За да се зајакне ова честопати игнорирано население и да се прекине овој синџир на институционализација, Луѓето во потреба (ПИН=ПИН) и неговите партнерски организации работат на економски зајакнување на лицата со попреченост.

Од 2016 година, ПИН поддржува деинституционализација на речиси 40 лица со интелектуална попреченост во Босна и Херцеговина благодарение на програмата спроведена со СУМЕРО, локална партнерска организација. Во тековниот проект насловен „Мојата работа“, ПИН сега е фокусирано на помагањето на лицата со попреченост за да најдат значајна работа.

Вработувањето е клучот за да им се помогне на луѓето со попреченост да се интегрираат во општеството“, вели Сања Лепиќ, проект -менаџер на ПИН. „Треба да ги гледаме како еднакви и вредни членови на нашите заедници и да се осигураме дека сите тие ги уживаат истите права како и секој друг“.

Проектот е вклучен во зајакнување на лицата со попреченост во осум градови: Бања Лука, Брчко, Бихаќка, Сараево, Зеница, Витез, Мостар и Требиње, објаснува Лепиќ: „Ги избравме овие градови, бидејќи тие веќе имаат станбени единици во кои луѓето со попреченост живеат независно, и ние сакаме да продолжиме да работиме за нивна интеграција во општеството. Нашата прва цел е да ги зајакнеме за да станат конкурентни на отворениот пазар на труд, што е нешто исклучително тешко, особено за време на пандемија."

Иако луѓето со попреченост можеби имаат свои надежи и соништа за вработување, Лепиќ додава дека за жал, видот на занимањата каде што можат да работат останува ограничен: „Овие позиции главно вклучуваат обезбедување помош во кујна, фарми, пекари итн. Преку овој проект, сакаме да ја смениме парадигмата, така што работодавачите ќе почнат да ги гледаат како корисен ресурс, а не како товар за општеството. Ова е причината зошто ние ќе работиме не само со лица со попреченост, туку и со потенцијални работодавачи."

Залагање за правата на лицата со попреченост

Лепиќ нагласува дека залагањето и комуникацијата со носителите на одлуки се важни компоненти на проектот. Тековната легислатива за правата на лицата со попреченост во Босна и Херцеговина е контроверзна, што го прави залагањето уште поважно.

Ние ќе се обидеме да идентификуваме каде промената е најпотребна и ќе се обидеме да влијаеме врз донесувањето одлуки“, вели Лепиќ. „Ние ќе се фокусираме на залагањето и свеста на пошироката јавност, особено на студентите. За ова, ние се обидуваме да воспоставиме соработка со пет институции за високо образование во земјата, вклучувајќи ги и Правниот факултет, Филозофскиот факултет и Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево, Факултетот за исламска педагогија на Универзитетот во Зеница и Факултетот за политички науки во Бања Лука. Студентите од овие институции се потенцијални адвокати, социјални работници и новинари и треба да знаат што значи да се биде човек со попреченост денес и како можат да ги користат своите студии за да го подобрат својот живот. Ќе работиме и со свои адвокати - лица со посебни потреби, кои ќе се залагаат за своите права и кои ќе бидат овластени преку специјална обука - сè со цел да се подобри ограничената положба на лицата со попреченост."

Во врска со обуката обезбедена со проектот, Лепиќ вели дека учесниците се советници од владиниот и невладиниот сектор кои ќе работат директно со лица со попреченост. "Прво, треба да ги зајакнеме советниците, кои ќе им помогнат на лицата со попреченост да бидат конкурентни на пазарот на трудот, да ги препознаат своите вештини и способности, да напишат добри CV, да бидат добро подготвени за интервјуа со работодавачите и да знаат каде да бараат работа."

По обуката, советниците ќе работат на избор на локални корисници, во соработка со центри за социјална работа поврзани со проекти. „Ние истотака ќе контактираме и со бироа за вработување за пристап до профилите на лицата со попреченост со кои можеме да работиме“, објаснува Лепиќ.

Споделување на знаењето од Р. Чешка

Како дел од проектот, локалните професионалци и експерти од Р. Чешка - каде што слична програма беше успешна - ќе го споделат своето знаење и ќе ги презентираат најдобрите практики. Една од овие професионалци е Јана Лоскотова, социјален работник од чешката невладина организација Ритмус, организација која обезбедува социјална интеграција за лицата со попреченост. Таа нагласува дека секој може да даде ценет придонес за општеството, без разлика дали има попреченост или не. „Секој може да биде успешен и среќен во својата работа и да биде рамноправен член на општеството“, вели Лоскотова.

Во однос на можностите за лицата со посебни потреби на чешкиот пазар на трудот, Лошкотова вели дека успехот се менува и дека пандемијата ја влошила ситуацијата. Таа посочува дека: „Вообичаено е лице со попреченост да најде работа во Р.Чешка, особено во Прага. Се разбира, ова не е секогаш лесно да се постигне и е императив да вработените трошат време за подобро да ги запознаат своите работодавачи. Колку повеќе се запознаваат, толку повеќе можат да сфатат дека врската е од корист за двете страни. Ситуацијата е посложена во руралните области, но и таму сèуште има некои можности за вработување. Rytmus работи не само во Прага, туку и во Моравија, во источниот дел на Чешка, докажувајќи ја оваа промена."


БОРБАТА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИТЕ

Изабела Аликадиќ работи за здружението ПроРеха во Босна и Херцеговина, кое се фокусира на обука, образование и вработување на лица со попреченост. Учествувала на една од обуките со цел да стекне нови знаења и вештини за да и помогне на нејзината организација да вработи повеќе лица со попреченост.

Аликадиќ наведува дека: „Ваквите проекти се многу корисни за лицата со попреченост, но и за нашето општество. Важно е да се борите со предрасудите и да разберете дека луѓето со попреченост можат да направат многу ако им се даде можност и тие се поддржат. Впрочем, тие всушност можат да ни дадат многу повеќе отколку што ние им даваме. Тие можат да бидат многу добри работници и треба да се гледаат од таа перспектива - што можат да направат и да дадат, а не негативната страна - она што не можат. Секој може да заврши работа, само треба да биде познат, згрижен и овластен. Ова е начин да им се даде шанса на овие луѓе. Уште подобро би било кога повеќе институции би биле вклучени во вакви проекти, за да заедно да ги надминеме предрасудите на луѓето и да го направиме ова општество многу подобро отколку што е."

Според своето искуство, Аликадиќ смета дека најголемата пречка со која се соочуваат луѓето со попреченост се туѓите предрасуди. Пристапот е друг проблем. На корисниците на инвалидска количка, на пример, им е тешко да се движат по улиците, да користат јавен превоз или да пристапат до јавни објекти. „Ова се некои од основните работи на кои треба да работиме“, рече Аликадиќ. На прашањето што секој од нас може да направи за да го подобри животот на лицата со попреченост, таа рече дека надминувањето на нашите предрасуди ќе биде голем чекор во вистинската насока.

Харис Канлиќ, исто така од организацијата ПроРеха, присуствуваше на обуката заедно со Аликадиќ. Тој сакаше да научи како да им помогне на лицата со попреченост за да се стапат во контакт со работодавачите. „Сигурно ќе го искористам стекнатото знаење за да им помогнам на лицата со попреченост со цел да вработам што е можно повеќе од нив“, рече Канлиќ. Мислам дека ни се потребни вакви проекти за да и помогнеме на јавноста да не ги гледа луѓето со попреченост како „товар на општеството“, туку да го цени нивниот придонес. Предрасудите се најголемиот проблем, бидејќи тие се гледаат како луѓе кои не можат да сторат ништо. Меѓутоа, сега и јас зборувам од моето искуство откако работев во компанија која вработува три лица со попреченост: тие можат да направат многу работи, можат да бидат рамноправни членови на општеството. Со емпатија и соодветна поддршка за нив, тие можат да се интегрираат во општеството“.


Проектот „Мојата работа“ е финансиран од Чешката агенција за развој и се спроведува од ПИН во соработка со босанските партнери, ПроРеха и СУМЕРО од Сараево и „Нешто Повеќе“ од Бања Лука. Проектот, според планот, ќе продолжи до крајот на 2022 година.


Текстот е базиран на интервјуто дадено за Радио Сараево на 17 ноември 2020 година и користи цитати дадени за време на ова интервју.

Autor: Radio Sarajevo/PIN

Поврзани членови