Хуманитарниот конвој на Чешката People in Need пристигна во Лавов
Објавено: 1.3.2022 Време за читање: 2 минутиЧешката организација People in Need (PIN) го испрати првиот конвој камиони со хуманитарна помош, како што беше побарано од претставниците на градот Лавов во западна Украина, каде хуманитарната ситуација се влошува постојано со десетици илјади внатрешно преселени луѓе бегаат во потрага по безбедност по конфликтот со Русија. Помошта која пристигна во понеделникот е со вредност од 400.000 евра, во моментов се подготвуваат уште конвои.
„Потребите на Украинците се огромни. Го испраќаме првиот конвој на хуманитарна помош во Лавов, од каде побараа помош, и ќе продолжиме да испраќаме со камиони и возови. Благодариме на сите донатори кои ни доставија бесплатно или со огромен попуст добра кои беа побарани од Украинската страна.“ рече Симон Панек, Директор на PIN.
Донирајте за Украина:
ПРЕГЛЕД ВО ЖИВО НА НАШИТЕ ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ ВО УКРАИНА:
PIN ги мобилизираше тимовите за поддршка и пристигнаа на Словачката граница со Украина во саботата, работат со другите организации на пречекување на оние кои бараат безбеден премин. Помош, транспорт и засолниште како шетори се распределени покрај границата. Тимот на PIN исто така организира организирана помош на Романската граница близу Молдавија, каде има веќе неколку километри редица за премин. Во овој регион, бегалците немаат пристап на основи како храна, вода и хигиенски продукти.
Хуманитарен мост меѓу Украина и Прага беше направен заедно со партнерите. Секој ден воз Regiojet пренесува хуманитарна помош со храна, хигиенски средства, вреќи за спиење и медицински суплементи во Украина, носејќи назад луѓе кои бегаат од конфликтот. Секој воз има содржина од 18 камиони. Резервирање бесплатен билет е возможно на link.
Заедно со граѓанските организации кои работат со мигранти, PIN лансираше портал за спојување на понуди и барања за помош во Украина. PIN има и SOS Ukraine линија која добива повици од илјадници луѓе на ден кои бараат и добиваат помош.
People in Need не организира волонтери или јавни собири на помош, туку координира поддршка на граѓански организации на терен. Фандрејзинг кампањата е започната и секој може да донира на website. До сега, преку 31.000.000 EUR е донирана од луѓето од Чешка и останатите во поддршка на Украина.
PIN ќе продолжи да ја следи ситуацијата и организира помош на оние на кои им е најпотребна.