Ден на планетата Земја: Иновативна НВО ја унапредува кружната економија во Косово

Објавено: 22.4.2024 Време за читање: 3 минути
Ден на планетата Земја: Иновативна НВО ја унапредува кружната економија во Косово
© Foto: Tim Jenkins
Општествените и технолошките скокови се чини дека се случуваат преку ноќ, но тие всушност се резултат на долгогодишна напорна работа на посветени тимови. Во Косово, невладината организација Let’s Do It Peja (LDIP) е пример за оваа трајна посветеност. Предводејќи револуционерна промена, LDIP е во првите редови на унапредувањето на кружната економија, со цел да ја заштити животната средина, истовремено поттикнувајќи економски раст.

На чело на LDIP е Urim Xharavina, визионер чија посветеност на одржливи практики е е огромна како планините околу Пеја (Пеќ). Под негово водство, LDIP, во партнерство со People In Need, е важен дел од проектот Кружна економија за зелена транзиција (Circular Economy for Green Transition (CE4GT). Поддржана од Европската Унија и Министерството за надворешни работи на Република Чешка, оваа иницијатива се стреми не само да го реформира туку и да го револуционизира пристапот на Косово кон отпадот, особено фокусирајќи се на распространетиот проблем со текстилниот отпад.

Нашата цел е амбициозна“, наведува Урим. 

До 2030 година, имаме за цел целосно да го искорениме текстилниот отпад, четвртиот најголем загадувач на животната средина во нашата земја.“ 

Текстилниот отпад не само што е проблем во Косово, туку претставува и глобална еколошка катастрофа. Секоја година, од 100 милијарди произведени облеки, 92 милиони тони се фрлаат на депонии, што е еднакво на фрлање товар облека од камион за отпад секоја секунда. Ако оваа состојба опстојува, се предвидува модниот отпад да ескалира до 134 милиони тони годишно до крајот на деценијата.

Се покажа дека фокусирањето на текстилниот отпад беше вистинскиот избор“, објаснува Урим. „Тоа беше пресвртница за нас, покажувајќи дека отпадот навистина може да се трансформира во богатство.“ 

Од отпад до мода

За борба против отпадот, LDIP имплементира практичен пристап кој е насочен кон заедницата. Тие инсталираа кутии за собирање на стратешки локации низ Приштина, Пеќ и Ѓаковица каде што локалното население може да депонира непотребен текстил. Собраните материјали тргнуваат на патување за трансформација – текстилот во добра состојба наоѓа нов живот во продавниците за штедење (second-hand), поттикнувајќи култура на повторна употреба.

Материјалите кои не се соодветни за повторна продажба не се фрлаат; наместо тоа, тие инспирираат креативност.

Ние соработуваме со студенти од уметничко училиште за да ги пренамениме овие текстили во модерни предмети и практични производи како торби“, вели Урим. 

Оваа иницијатива не само што го минимизира отпадот, туку и негува просперитетна и креативна локална економија. Соработката на LDIP со локалното уметничко училиште помага за оспособување на следната генерација модни дизајнери со вештини за да бидат еколошки свесни. Преку ова партнерство, студентите учат да го трансформираат отпадот во иновативна мода, промовирајќи одржливост во дизајнот и производството.

Истражувајќи го понатаму потенцијалот на отфрлениот текстил, LDIP е исто така пионер во производството на иновативни плочки и тули од материјали кои не можат повеќе да се употребуваат. Овие производи, кои моментално се во фаза на демонстрација, ветуваат одлични изолациски својства, и за термална и акустична изолација, иако производството во целосен обем , чека понатамошно финансирање за анализа на материјалот.

Неискористениот потенцијал на отпадот

Бидејќи Денот на планетата Земја поттикнува размислување за нашето влијание врз животната средина, повикот на Урим за акција е јасен:

„Отпадот не е само отпад; тоа е неискористен потенцијал. Прифаќањето на принципите на кружната економија може значително да има корист и за животната средина и за економијата.“

Тој ја нагласува критичната улога на младите луѓе, чии свежи перспективи и иновативни идеи се од витално значење за поттикнување на промените.

Преку иницијативи како овие предводени од LDIP, пораката на Денот на планетата Земја за чување и одржливост на животната средина е остварлива. 

Во Косово, има иднина каде што економските и еколошките интереси не се само усогласени, туку и взаемно се поттикнуваат. Овој Ден на планетата Земја, LDIP стои како светилник на надеж и модел за одржлив развој, докажувајќи дека малите промени навистина можат да направат разлика.


За проектот: Проектот Кружна економија за зелена транзиција (CE4GT) е тригодишна иницијатива која придонесува за транзицијата кон кружна економија во Косово. Проектот е финансиран од Европската Унија, кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Чешка, а имплементиран од People in Need и Let’s Do It Peja!.

Autor: Tim Jenkins, Regional Representative for Western Balkans

Поврзани членови